 |
|
 |
Привремено вработување и друго |
 |
|
 |
 |
Нашата основна дејност – привремено вработување
Примената на привременото вработување го подобрува Вашиот кадровски менаџмент преку компетенција и флексибилност. Нашите соработници на привремено вработување работат за Вас и по Вашиот налог, но вработени се кај нас со работен однос на неопределено време - долгорочно или краткорочно за премостување на зголемената потреба од работници.
Преку опсежната кадровска компетенција на нашиот менаџмент на вработување, во состојба сме индивидуално да Ве советуваме и да понудиме решенија скроени по Вашите желби.
Нашата понуда:
- Отстапување на квалифицирани соработници, на долг или краток рок
- Сите стопански гранки и занимања
- Компетентни решенија за стопански гранки за администрација & менаџмент & финансии, техника, EOP & IT, градежништво
- Занаетчиство & индустрија
- Брзо вработување заради австриската најголема база на баратели на работа
- Брзо пополнување на слободни места од базата на податоци
- Мотивирани соработници поради индивидуалниот менаџмент на вработување
Вашите предности:
- флексибилен број на работници по потреба
- се плаќаат само одработени часови
- константно еднакви фиксни кадровски трошоци
- без скапи потраги по работници
- договорот за работен однос го презема Тренквалдер
- првокласни соработници од сите стопански гранки и занимања

Привремено вработување со преземање
Привремено вработување со преземање значи: земање на соработници под наем и во случај ако сте задоволни, нивно подоцнежно преземање. Тоа Ви овозможува прво да ги запознаете новите соработници и подоцна да ги вработите без ризик.
Вашите предности:
- брзо вработување без барање на кадри
- сигурност поради продолжениот пробен рок
- без сопствен ризик поради вработување
- без обврска за преземање

Payroll услуга
Тренквалдер cклyчyвa дoгoв за работен однос co соработниците кои ги одбравте и се грижи за пресметка на платата и нејзината исплата.
Ваши предности:
- Headcount се намалува
- капацитетите остануваат сочувани
- Кноw-хоw проверен соработник е обезбеден
- без немир во случај на отказ
- администрацијата на овие соработници ја презема Тренквалдер
- отворена транспарентна калкулација на стварните трошоци
- нема негативни ефекти кои произлегуваат од отказот на работниците

Менаџмент на лице место
Со канцеларијата која ги следи соработниците ние сме кај Вас на лице место. Ние преземаме опсежна грижа за Вашиот комплетен кадар на привремено вработување. Избор на кадри, замена на кандидати и расположивост на кандидати на привремено вработување, внатрешна координација во фирмата вклучувајќи управување, пресметка и систем на контрола.
Вашите предности:
- постојана присутност
- на лице место секогаш партнер за разговор
- гарантирано одвивање на договорите без потешкотии
- мал административен трошок за Вас
- добро водени соработници

Master Vendoring
Ние ги подготвуваме соработниците и ги координираме Вашите кадровски раководители. Master-Vendoring (менаџмент на базата) ја координира Вашата потреба за кадри со високо квалифицирани, проверени партнери и се грижи за постојан квалитет, оптимални процеси и ефективна контрола на трошоците.
Вашите предности:
- еден партнер за разговор
- единствена контрола на квалификацијата и ефектот
- водење и координација на сите изнајмени соработници
- гарантирано одвивање на договорите без потешкотии
|
 |
|
|
 |
|