 |
|
 |
Добре дојдовте! |
 |
 |
Тренквалдер е поинаков
Тренквалдер се наоѓа на пулсот на времето за иновативни решенија, динамична експанзија во срцето на Европа, како и за јасни вредности и сигурно партнерство со клиентите и вработените.
Во поредокот на водечките, интернационално присутни понудувачи на персонални услуги, Тренквалдер зазема посебно место благодарејќи на своето успешно деловно минато и единствените фактори на успехот.
На врвот на фирмата е нејзиниот основач, инженер Рихард Тренквалдер. Тој на фирмата и дава визија и идентитет, придржувајќи се кон принципите на професионалност и партнерство, и ја води и наслочува фирмата кон најбрзиот раст во Европа (извор: Growth Plus, Europe's Top 500).
Фирмата Trenkwalder Personaldienste AG произлезе од фирмата Trenkwalder Engeneering GmbH. Единствениот менаџмент на квалитетот и високата професионалност се резултат на меѓународните стандарди на процесот и квалитетот, кои се протегаат низ вкупната палета на услуги на претпријатието.
- Тренквалдер го препозна и одлучно го искористи високиот развоен потенцијал на економскиот пазар на Централна Европа. Водството на подрачјето на Австрија во 2000 година беше главен зачеток на интернационалната експанзија. Денес Тренквалдер е водечки понудувач на персонални услуги на подрачјето на целиот регион.
- Тренквалдер по својата ефикасност се вбројува меѓу десетте најголеми европски фирми за давање на кaдpoвcки услуги. Интернационално единствените стандарди на концернот во клучните подрачја како што се регрутирање на кандидати, логистичка поддршка и кадровска администрација, прават фирмата да биде стратешки партнер на интернационални големи фирми.
- Фирмата е свесна за својата голема одговорност со оглед на својот постојан раст, па на своите соработници во рамките на привремената работа им нуди посебен сервис, обликуван според посебните барања на тој нов облик на работа на иднината, како на пр. Тренквалдер менаџмент на работите.
|
 |
|
|
|
 |
|